Се удавија 52 мигранти крај брегот на Тунис – ММС
ММС

Објавено на: 06/11/20 10:43 PM

Се удавија 52 мигранти крај брегот на Тунис

Крај брегот на Тунис се удавија 52 мигранти.

Според изјавите од туниските власти, мигрантите го напуштиле тунискиот град Сфакс и тргнале кон Италија во илегален чамец ноќта на 4-5 јуни, со 53 лица на бродот.

Уште во вторникот, рибарите ги предупредувале властите дека ги пронашле телата во близина на островот Керкенах, близу Сфакс. Денеска се пронајдени уште 17 тела, со што вкупната сума изнесува 52 жртви, вклучувајќи најмалку 24 жени, изјави регионалниот директор за здравство во Сфакс, Али Ајади. Едно лице е наведено како исчезнато.

Погребите на некои од мигрантите веќе започнаа, соопшти официјалниот претставник.

Жртвите се луѓе од субсахарска Африка, според првите заклучоци од обдукцијата и сведочењата на другите кандидати за егзил.

Капитенот на бродот, 48-годишен Тунижанец, со потекло од Сфакс, е меѓу загинатите, а судот заклучи дека станува збор за бродолом.

Отворена е истрага во обид да се идентификуваат организаторите на тој нелегален транспорт.