Оваа година младинската работна акција „Нови Пазар 2020“, поарди коронавирусот, нема меѓународен карактер, но тоа не го намали значењето и убавината на оваа манифестација. Со свечен собир на бригадирите акцијата почна, а на неа годинава учествуваат повеќе од стотина акцијаши, пишува српски „Информер“.
Учество на МРА Нови Пазар 2020 зеде и внуката на Јосип Броз Тито, Златица Броз. На отворањето таа рече дека и’ е голема чест што по многу години, има можност повторно да го доживее духот на некогашните акции и на некогашната земја.
„Мило ми е што овде има и ветерани, како и многу млади луѓе. Ова е прилика за убаво дружење, но и да се покаже соживотот каков што го има на овие простори“, рече Титовата внука.
Според утврдениот план, бригадирите и бригадирките работат на повеќе локации во Нови Пазар, а вечерта се запознаваат и другаруваат, организиран е богат културно-забавен живот, а, како што изјавила Нејра Шкријељ, командант на акцијата, има и одлична бригадарска храна. Првиот ден бил резервиран за акцијашки грав.