(ВИДЕО) Завршен импозантниот мост што ги поврзува Русија и Кина – ММС
ММС

Објавено на: 06/10/20 10:57 AM

(ВИДЕО) Завршен импозантниот мост што ги поврзува Русија и Кина

Руското Министерство за развој на Далечниот исток и Арктикот објави снимка на изградениот мост преку реката Амур, помеѓу градовите Благовешченск во Русија и Хејхе во Кина. Изградбата на првиот мост за патен сообраќај што ги поврзува Русија и Кина почна во декември 2016 година.

Поради пандемијата на коронаирусот и затворањето на границите, отворањето на мостот што требаше да се случи во мај годинава е одложено за по укинувањето на рестриктивните мерки.

Мостот е подолг е од еден километар, а широчината му е 11 метри.

https://twitter.com/i/status/1270467041712103424