Ратко Младиќ, поранешниот командант на Армијата на Република Српска, е во опасност. Неговата состојба ненадејно се влошила по операцијата на дебелото црево, пред околу два месеци, а семејството тврди дека тој сè уште има внатрешно крварење, но дека од нив е скриена медицинска документација и дека Младиќ во таква состојба ќе мора да биде во болницата, а не во затвор!
Неговиот син Дарко Младиќ тврди дека по операцијата на дебелото црево, кога дел од него е отстрането, тој имал бројни здравствени компликации, кои упорно ги игнорирле во Хаг. Според последните информации добиени од семејството Младиќ, генералот е лошо според сите параметри, а српските лекари информирани за неговото лечење процениле дека тој треба итно да биде пренесен во болницата.
– Татко ми е многу болен. Нашите медицински експерти сметаат дека има внатрешно крварење и дека тие не го лекуваат на вистински начин. Неговата крвна слика е лоша, хемоглобинот е во црвената зона, според некои параметри, како што ни објаснија, само 4,4, што е алармантно. Немаме добиено никакви документи за неговата здравствена состојба, ниту пак тие преземаат соодветни мерки за негово лекување. Генералот е слаб, исцрпен и се плашиме дека најлошиот исход би можел да му се случи, тој е критичен – изјавил синот на Младиќ.
Извор: kurir.rs