Тина, Ена и Џина се продавале за 100 евра- Белградската полиција растури група за проституција – ММС
ММС

Објавено на: 06/9/20 10:25 PM

Тина, Ена и Џина се продавале за 100 евра- Белградската полиција растури група за проституција

Членовите на  криминалната група се уапсени во вторникот утрото поради сомнеж дека организирале проституција во изнајмени станови во Белград, деветмина со девојките на кои ги подведувале и им давале прекари за да не им биде откриен идентитетот, а се претставувале како Тина, Ѓина, Ена…

Тина,Ѓина и Ена се само некои од псевдонимите на кои девојките се претставувале на своите клиенти, но и во огласите преку кои ги „ловеле” клиентите, за да си го заштитат идентитетот. Средбите со клиентите се одвивале во станови или на локација која ќе ја одреди клиентот, во зависност од тоа дали е постојан муштерија. Пред вратите на становите стоело обезбедување, за да се заштити безбедноста на девојките.

Во зависност од тоа дали нивниот корисник доаѓал во станот или оделе кај него дома, цената се движела меѓу 100 и 150 евра за еден час, од кои половина ги земале девојките  а пола макрото. На постојаните муштерии во кои имале доверба им ги давале своите приватни телефонски броеви, за да секогаш им бидат достапни. Тие броеви, секако, не се оние кои се наведени во огласите.

Како организатор е уапесен извесен В.М. (38) инаку веќе апсен поради истото кривично дело во 2018 година. Освен тој полицијата уапсила уште седум други.  Групата која е уапсена во Белград тесно соработувала со група макро уапсени во јануари годинава поради истото дело. Од 16 луѓе, колку тогаш уапсила полицијата, дури 12 признале дека посредувале во проституција а другите негирале.

Извор: kurir.rs