Mакедонец фатен на хрватски граничен премин со 65 литри домашна ракија, осум килограми сирење и поголемо количество цигари – ММС
ММС

Објавено на: 06/9/20 12:10 PM

Mакедонец фатен на хрватски граничен премин со 65 литри домашна ракија, осум килограми сирење и поголемо количество цигари

Домашна ракија, поголемо количество цигари и повеќе килограми свежо сирење завршија на големата маса на хрватските цариници на граничниот премин Батина, пишува хрватски „Јутарњи“.

Утврдено е дека возач од Македонија на влезот на царинското подрачје во ЕУ се обидел да внесе 4.370 парчиња цигари „вест силвер“ и 2.850 „родео блу“, кои биле пронајдени скриени во блатобраните, но и во внатрешнста на кабината и во багажот на возачот.

При понатамошниот преглед на возилото, цариниците пронашле во кабината на камионот скриени 64,5 литри домашна ракија, но и 7,75 килограми свежо сирење.

Македонецот заработи кривична пријава од Општинското државно обвинителство во Осиек. Останал без стоката, а ќе плати и висока казна.