Отпуштениот полицаец од Минеаполис кој клечеше на вратот на Џорџ Флојд, првпат се појави на суд поради обвиненијата поврзани со смртта на Афроамериканецот.
Дерек Чаувин за време на пандемијата на Ковид-19 пред судијката се појави преку видео линк. Судијката Рединг му определи на Чаувин кауција со еден милион долари со одредени услови или 1,25 милиони долари без нив.
На снимките од апсењето се гледа како Чаувин клечи на вратот на Флојд повеќе од осум минути, игнорирајќи го неговото извикување дека не може да дише, по што жртвата изгуби свест.
Јавниот обвинител на Минесота претходно го прошири обвинението против Чаувин. Тој сега се соочува со обвиненија за убиство и убиство од втор степен. Обвинителоѕ ги обвини и другите тројца полицајци, кои биле на местото на настанот, за помагање и поттикнување.
Вознемиреноста на јавноста поради смртта на Флојд предизвика протести против полициската бруталност и расизмот во САД и целиот свет.