Изненаден и голем шок од пандемијата на коронавирусот и мерките на затворање со цел нејзино сузбивање доведоа до сериозен пад на глобалната еконоија. Според Светската банка, оваа година ќе дојде со сериозен пад на глобалниот раст за 5,2 отсто. Тоа би претставувало најлабока рецесија од II.светска војна, при што најголемиот број од економиите ќе доживеат пад на производството по глава на жител од 1870 година навака, соопшти Светска банка во својот најнов извештај на Глобалниот економски изглед, пренесува агенцијата Анадолија.
Се очекува, поради сериозното пореметување на домашната побарувачка и понуда, трговијата и финансиите, економската активност на напредните економии да доживеат пад за 7% о 2020 година. Оваа година се очекува новите пазари и економии во развој (EMDE) да доживеат пад од 2,5%, што е прво намалување на нивото на оваа група во последните 60 години. Се очекува пад на приходот по жител за 3,6 отсто, поради што милиони луѓе оваа година ќе се соочат со екстремна сиромаштија, истакнуваат од Светска банка.
Натешко се погодени оние земји во кои паднемијата била најтешка и кои во голема мерка се потпираат глобалната трговија, туризам, извоз на роба и надворешно финансирање. Иако јачината на ударот ќе се разликува од регион до регион, сите нови пазари и економии во развој се ранливи, кои се засилени поради надворешните шокови. Покрај тоа, прекините во пристапот на школувањето и примарната здравствена заштита веројатно ќе имаат долготрајни ефекти на развојот на човечкиот капитал.
„Ова е многу загрижувачко, бидејќи кризата ќе остави долготрајни последици и ќе доведе до крупни глобални предизвици. Прва ставка на дневниот ред е решавање на итните глобални здравствени и економски прашања. Покрај тоа, глобалната заедница мора да се обедини за да се пронајде начин за силно закрепкување, за да се избегне уште поголем број луѓе да се соочат со сиромаштија и невработеност“,нагласи Џејла Пазарбашиоглу, потпретседателката на Светската банка за уедначен раст, финансии и институции.
Според основната прогноза, под претпоставка дека пандемијата да се повлече доволно за да се овозмои укинување на домашните мерки за ублажување до средината на годината во напредните економии и нешто подоцна во земјите на EMDE, глобалните превривања се намалат во втората половина од годината и нарушувањата на финансиските пазари не бидат долготрајни, се прогнозира дека глобалниот раст би можел да се врати на 4,2% во 2021 година, односно 3,9% за напредните економии и 4,6 отсто за EMDE. Меѓутоа, изгледите се многу нејасни, а преовладуваат негативни ризици, кои вклучуваат можност за продолжено траење на пандемијата, финансиски пресврт и повлекување од глобалните трговски врски. Негативното сценарио би можело да доведе до пад на глобалнат аекономија за дури 8% оваа година, по што би следело споро закрепнување во 2021 година од нешто малку над 1%, со намалување на производството во EMDE за речиси 5% оваа година.
Се прогнозира дека еокномијата на САД оваа година ќе доживее пад од 6,1 %, како одраз на нарушувањата кои се поврзуваат со мерките за воспоставување на контрола над пандемијата. Се очекува пад на производството во евро-зоната за 9,1% во 2020 година, бидејќи активноста беше тешко погодена од ширењето на пандемијата. Се очекува пад на економијата на Јапан за 6,1%, бидејќи превентивнит емерки ја успорија економската активност.
„Рецесијата предизвикана со Ковид-19 е единствена од повеќе аспекти и веројатно ќе биде најдлабока рецесија во напреднтие економии од II.светска војна и прв пад на производството во новите и економиите во развој најмалку во послените 6 децении. Актуелната епизода веќе доведе до досега далеку најбрзи и најголеми падови на глобалната прогноза на раст. Ако направиме споредба со минатото, можно е да дојде до понатамошен падна растот, што подразбира дека креаторите на политиката можеби ќе мораат да бидат подготвени да применат дополнителни мерки за поддршка на активности“, рече Ајхан Косе, директор на групата за перпсектива во Светската банка.