Бројот на починати од коронавирус во Италија порасна денес за 65, што е благ раст во однос на вчерашниот ден кога изнесуваше 53, соопшти Агенцијата за цивилна заштита.
Истовремено, бројот на заразени од Ковид-19 изнесува 280, што е пораст во однос на вчерашниот ден кога изнесуваше 197.
Вкупниот број на починати сега изнесува 33.964, што е четврт најголем број на светот после САД, Бразил и Велика Британија.
Што се однесува до вкупниот број на случаи сега изнесува 235.278, што е седми најголем број на светот после САД, Русија, Бразил, Шпанија, Велика Британија и Индија.
Во северниот дел Ломбардија, која беше највеќе погодена забележани се 194 од 280 нови случаи.
На одделението за интензивна нега се 283 пациенти, што е благ пад во однос на вчерашниот ден кога бројката беше 287 пациенти,
Од Корона вирус се излечија 166.584 пациенти, додека тестирани се 2.000.627 луѓе.
извор : Informer. rs