Џејмс Бонд во филмот „No Time To Die“ ќе биде татко – ММС
ММС

Објавено на: 06/8/20 5:26 PM

Џејмс Бонд во филмот „No Time To Die“ ќе биде татко

Шпиунот, кој го глуми Даниел Крег во новиот филм за Џејмс Бонд ќе биде татко на петгодишната ќерка Матилде, која ја доби со докторката   Madeleine Swann (Lea Seydoux), пишува Mail on Sunday.  Приказната излезе минатата недела  кога дневните распореди на актерката се појавија  на eBayu. Распоредот ја опишува сцената, снмена во Италија мнатата година, во која доктор Swann се појави со агентката Номи (Lashana Lynch) и Матилде, која ја глуми Lisa-Dorah Sonne.

“Сцена #235” детално опишува како “Номи одводи Маделен и Матхилд на сигурно со островот во позадин”.

Филмскиот инсајдер ги потврди извештаите дека Бонд ќе стане татко, бидејќи Даниел сакал филмот да ја  “изненади” публиката.

“Да, вистина е. Бонд е татко. Даниел сакаше овој филм да биде највеќе изненадувачки и најзабавен до сега.”

“Даниел е постар и неговиот Бонд созрева и гледа на животот низ призма на татковство. Но, тука има уште многу нешта.”

“Бонд  секогаш успеваше да шаримра над стотини убави жени, без никакви последици. Правејки го татко,  се отвора можност за развој на приказната низ цел свет”.

Последниот Бонд во кој ќе глуми Даниел Крег се случува пет години по случувањата во Спектар. Бившиот агент 007 ужива во пензија во Јамајка со докторката пред да мора повторнод а го спаси светот.

Според најавите, филмот ќе биде преполн со пресврти, а Бонд  во него го спасува светот од биолошка пандемија. “Не е Ковид-19, но е нешто слично.”

„Многу е навремено“.

Извор: index.hr