Тигар осуден на заробеништво доживотно – ММС
ММС

Објавено на: 06/8/20 5:31 PM

Тигар осуден на заробеништво доживотно

Индиските  власти вчера објавија дека тигар поради убиство на три личности остатокот од животот ќе го помине во заробеништво. Тие велат дека големата мачка е премногу опасна за да и се дозволи да слободно лута.

Моќниот пет-годишен предатор е обвинет и за повеќе напади на стока. Тигарот крстарел  на опсег од 500 километри – од западната држава Махараштра до централниот индиски кварт Бетул во државата Мадја Прадеш.

„Му дадовме неколку шанси да живее во дивина, но тој секогаш се враќа во населени подрачја. Ништо друго не ни преостанува од тоа да го сместиме во зоолошка градина, со што би се осигурала безбедноста и на тигарот и на луѓето“, вели градоначалникот.

Тигарот прв пат бил „заробен“ на крајот на 2018, после второто убиство и бил чуван два месеци.

Пред пуштањето, властите му ставиле на тигарот околувратник и го следеја неговото движење во националниот парк. Меѓутоа, како што тврдат властите, во повеќе наврати сепак доаѓал во близина во населените места, и ја напаѓал стоката и го загрозувал животот на луѓето.

Одлуката за заловување на тигарот донесена е пред неколку месеци, а е одложена заради пандемијата од Корона вирусот. Конечно, во саботата тој беше сместен во зоолошката градина во индиската покраина Мадја Прадеш, Ботала.

 

 

 

Извор: rts. rs