Над 33 илјади денари биле потребни на едно домаќинство во мај годинава за потребите во домот. Синдикалната минимална кошница во мај, според податоците на Сојузот на синдикатите на Македонија, изнесува 33.315 денари, а најголем дел од средстсвата отпаѓаат на исхрана и пијалаци 42,61 отсто.
За хана и пијалаци биле потребни 14.196 денари, за домување 10.426,90 денари, хигиена 2.325,66 денари, за превоз 2.447,11 денари, облека и обувки 2.144,66 денари, култура 1.066,79 денари и 707,69 денари за одржување на здравјето.
Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека просечната плата во земјава изнесува 26 422,00 и се однесува на плата исплатена во март годинава.