Баба на 102 години за календар на фудбалски клуб првпат во животот позираше гола – ММС
ММС

Објавено на: 06/8/20 9:16 AM

Баба на 102 години за календар на фудбалски клуб првпат во животот позираше гола

Нора Хардвик, која има 102 години, се соблече гола за календар, но во добротворни цели. Соблекувајќи се во топлес, за да го поддржи фудбалскиот клуб „Анкастер атлетик“ од градот во кој живее, пензионирана баба стана мис на месецот.

„Никогаш не сум работела такво нешто, а се соневам и дека ќе имам можност тоа да го правам повторно. Со оглед на тоа што сум највозрасен човек во градот, веројатно затоа и ме фотографираа. Секогаш сум подготвена да учествувам во хуманитарни акции – изјави госпоѓата Нора.

Истакна и оти за оваа работа имала поддршка од целото семејство, а најногу од своите три деца, кои имаат 80,74 и 62 години.

Таа за календарот позирала во еден бар во Анкастер, со шал префрлен преку градите.