Глобусот што му припаѓал на Адолф Хитлер, кој бил пронајден во уратини во неговата резиденција на крајот на Втората светска војна, е продаден деновиве на аукција за 100.000 долари.
Во пролетта 1945 година во урнатините на „Орлово гнездо“, резиденцијата на нацистичкиот диктатор во баварските планини, ја пронајде американскиот војник Џон Барсамиан.
По аукцијата во Сан Франиско, САД, глобусот сега е сопственост на Боб Притикин, сопственик на хотел, кој го купи глобусот за 100.000 евра, петпати повеќе отколку што биле предвидувањата пред аукцијата. Притикин, пак, имал намера, ако треба, да оди и до 200.000 долари.