Ветеринар ги заловува уличните миленици за време на полициски час во Штип, тврдат од Здружението за заштита на животни „Живот“ – ММС
ММС

Објавено на: 06/7/20 2:16 PM

Ветеринар ги заловува уличните миленици за време на полициски час во Штип, тврдат од Здружението за заштита на животни „Живот“

Пријавете кај нас доколку ви фали маалски миленик! Ваков апел до своите сограѓани јавно упатија активистите од Здружението за заштита на животните „Живот“ од Штип. Целта на активистите е да бараат извештај од Ветеринарната станица за состојбата во штипскиот стационар, откако објавија дека за време на карантинот, додека градот спие,  се заловени повеќе улични кучиња.

Додека на социјалните мрежи се шират фотографии од отруени животни во Штип, меѓу кои и кучето Тоби кое кај граѓаните важеше за мирно и мило куче, од „Живот“ велат дека вчерашното заловување се вршело од страна на ветеринарот Крсто Митев придружуван од двајца униформирани службеници.

Тоби, усмртен маалски миленик низ улиците во Штип

„За време на 80-часовен карантин и забрана за движење, Ветеринарна станица – Штип заловува улични животни после цели 5 месеци неработење! Дали Општина Штип има информации за ова? Дали СВР – Штип ги има легитимирано 5-те вработени со две возила кои моментално активно собираат животни? Дали истите воопшто имаат дозвола за движење и дали дозволата за движење соодветствува со работата која ја вршат моментално?Се поставува прашањето, која институција им издала дозвола за работа за време на полициски час? Ова ли е работата која не може да почека  уште два дена и мора да се заврши додека нема никој на улица за да не можеме да имаме увид во тоа кои маалски миленици се заловени и на кој начин?“, се вели во објавата на Здружението на социјалната мрежа Фејсбук.

Освен тоа тие на својот Фејсбук профил имаат алармирано за заловувањето, но и труење на животните.

„Ветеринарот е виден на неколку различни локации низ Штип, со неговот возило, со велешки регистарски таблички, во придружба на двајца униформирани службеници. Внимавајте на вашите маалски миленици, се заловуваат низ Штип, тврдат од Здружението „Живот“.

ММС побара коментар и од ветеринарот Крсте Митев, кој прво во денешниот телефонски разговор ни рече дека нема шанси да даде изјава. Потоа само кусо истакна дека нема да коментира, бидејќи како што рече, има институции пред кои треба да одговара.

Крсте Митев, ветеринарот кој од Здружението за заштита на животни „Живот“ од Штип е обвинет за убиство на животни

„Нема да се бранам и препукувам преку Фејсбук, тоа е за мене ниска работа. Кучињата се оперирани, а не убиени како што тврдат и запазени се сите потребни процедури“, ни одговори ветеринарот.

Фотографиите од заловувањето на кучињата наидоа на остри реакции, а во коментарите меѓу другото, се тврди дека дозволата за тоа ја дале од Општината, а не од полицијата. Сепак, Здружението во својот одговор наведува дека од Општина Штип им посочиле оти од таму не била издадена никаква дозвола.

-Полиција воопшто немало, тоа биле вработени во ветеринарната облечени во сини маици, а дозволата за ловење на кучињата ја дала кризниот штаб и општината, а не МВР – се вели во дел од коментарите, но од Здружението, пак, тврдат дека оттаму им изјавиле дека немаат дадено никава дозвола.

https://www.facebook.com/animals.shtip/photos/pcb.3121625711209691/3121625661209696/?type=3&__tn__=HH-R&eid=ARB8I-F-JTSRoG-bhioKVS8TKp-Qm62_dMP0NVumPfF5Mbd380Zv46M6MBi2Gx8oUgqKcL3yPOQVSksl&__xts__%5B0%5D=68.ARCF5_TeyDJb_w5Stx1ipVE-zh1BlTCNlAx-3yKslZmCvZO8rvkNqaGq_aB1fzBl1btvvA7JZaSvPFh61f2btgaHl-_9n4nFDhG8Wmtysaa73H5IYXg-YVm_8e8FBV9JnUP_Dx3IrdsUQFFJd2j3BfkVB9LI48qkIz6ZzDahaTvI245sJPuraiuhgJKV8c3GmYZeuJnU1pR2yuSkSiCPKG-fhEQ1D5XKpxd0w2lk3xbRigP2i9Q9mGxWHG_8a76Vy-fnVFeV22v_2YX9DgbbAsil3213hdlHCcPoU71F3iTNvqciC8cvAgnf5R9phUFtJupXJR4f1gLG3BaWckz9gErpsA

https://www.facebook.com/animals.shtip/photos/pcb.3121625711209691/3121625601209702/?type=3&__tn__=HH-R&eid=ARBZyxSvoq_EtA7Hn32LmpOSjFy0ArmYKD3QX7kQPj-Mi1Sbq2p1C44hQZv0uP-bUxv6NbGoIf4fPkDQ&__xts__%5B0%5D=68.ARCF5_TeyDJb_w5Stx1ipVE-zh1BlTCNlAx-3yKslZmCvZO8rvkNqaGq_aB1fzBl1btvvA7JZaSvPFh61f2btgaHl-_9n4nFDhG8Wmtysaa73H5IYXg-YVm_8e8FBV9JnUP_Dx3IrdsUQFFJd2j3BfkVB9LI48qkIz6ZzDahaTvI245sJPuraiuhgJKV8c3GmYZeuJnU1pR2yuSkSiCPKG-fhEQ1D5XKpxd0w2lk3xbRigP2i9Q9mGxWHG_8a76Vy-fnVFeV22v_2YX9DgbbAsil3213hdlHCcPoU71F3iTNvqciC8cvAgnf5R9phUFtJupXJR4f1gLG3BaWckz9gErpsA