Време е за млади тиквички. Направете полнети тиквички, печете ги во рерна под фолија, врз нив ставете крем за готвење.
Состојки:
4-5 парчиња млади тиквички, 400 грама мелено месо, 1 кромид, ситно сецкан, 2 чешни ситно сецкан лук, 1 морков – ситно сецкан, 1 мала чаша ориз, магдонос, сол, бибер, црвена пиперка, масло и топла вода, 3-4 парчиња печурки-ситно сецкани, 1 крем за готвење.
Подготовка: Измијте ги тиквичките, исушете ги добро, исечете ги на парчиња и издлабете ги со мала лажица. Измешајте ја смесата со месото, зеленчукот и зачините. Додајте масло и топла вода, направете ја смесата. Наполнете ги тиквичките со смесата. Ставете ги во огноотпорен сад, ставете масло и 1 дл топла вода. Покријте ги со фолија и печете во загреана рерна (45 мин), потоа извадете ја фолијата и оставете тиквичките да се печат уште малку. Пред крај, додајте го кремот за готвење и посипете со ситно сецкан магдонос.
Моќете да ги служите и со пире или ориз.
Извор: coolinarika.com