Хрватскиот град Хвар не дозволува поставување на 5G мрежа додека не се докаже дека не е штетна – ММС
ММС

Објавено на: 06/6/20 5:45 PM

Хрватскиот град Хвар не дозволува поставување на 5G мрежа додека не се докаже дека не е штетна

Градското собрание на хрватскиот град Хвар едногласно ја усвои одлуката со која се стопира воведувањето на 5G мрежа на територијата на градот се додека не се докаже дека споменатата технологија нема негативно влијание на луѓето и околината, а се преку независна и непристрасна студија.

На основа на одлуката на Градското собрание на Хвар ќе се основа работна група која во текот на наредните шест месеци ќе ја истражува причинско-последичната врска меѓу сите извори на зрачење и карциномот.

Одлуката ќе биде доставена до Владата на Хрватска и Хрватската регулаторна агенција за мрежна активност, која е должна да ја проследи до сите релевантни фактори кои делуваат на територијата на Хвар.

Оваа одлука следува после вклучувањето на градот Хвар на листата со 13 градови и еден остров за кој е издадена привремена дозвола за тестирање на 5G мрежа. Земени се предвид резултати од истражувања кои ги спроведува Светската здравствена организација, фактот дека министерката за заштита на околината на Брисел, Селин Фремо го стопираше поставувањето на 5G мрежата на тој реион додека не се докаже влијанието на здравјето и околината, како и неколку резолуции на Европскиот парламент: 2008/2211 („Здравствени проблеми поврзани со електромагнетни полиња“; 2007/2252 („Европски акциски план за здравје и околина“) и Резолуцијата на Европското собрание 1815/2011 („Потенцијални опасности на електромагнетните полиња и нивното влијание на околината”).

иновативност.мк