Поради контакт со заразената жена во Дебар во изолација и шестмина здравствени работници – ММС
ММС

Објавено на: 06/6/20 2:22 PM

Поради контакт со заразената жена во Дебар во изолација и шестмина здравствени работници

Поради контакт со заразената жена со Ковид-19 од селото Долно Косоврасти во домашна изолација се најмалку 17 лица, од нив шестмина здравствени работници.

– Во домашна изолација поради контакт се двајца лекари, четири медицински сестри и двајца возачи, еден кој со возило ја транспортирал од селото до Дебар и другиот кој ја транспортирал до Скопје. Во исто време најмалку девет лица најблиски роднини на пациентката се исто така во изолација, изјави за МИА Баки Халили, директор на Општата болница во Дебар.

Заразената жена на околу 44-годишна возраст која пред неколку години е оперирана од тумор во мозокот, беше прв случај на новозаразен по цели педесет дена.

Таа, според Халили, била примена во средата навечер во Општата болница во Дебар,со висока телесна температура и чести епилептични напади.

По напревената консултација, лекарите одлучиле да ја препратат во клиниките за неврологија во Скопје, каде и бил земен брис и по добиениот позитивен резултат на коронавирус, била префрлена во Инфективната клиника.

Поради контакт, во изолација, како што пренесуваат дел од медиумите, од оваа клиника се тројца лекари, две сестри и четворица болничари.

миа