Луѓето го забораваат вистинското значење на љубовта и пријателството, забораваат да ја почитуваат природата и нејзините закони. Денес за тоа не потсети кучето Медо од кичевското село Белица, кое на сопственикот Кире Радески му донесе штотуку родено срнче, за кое се грижи како да му е мајка. Видеото со Медо кое беше споделено на Фејсбук групата Белица ги воодушеви сите.
https://www.facebook.com/belica.mk/videos/180240473393948/
Семејството Радески ја има привилегијата веќе неколку години да живее со срндакот Бамби, кој уште од мал ги избра да му бидат „старатели“ а нивниот дом си го призна за свој. На страницата на Белица уште од порано се постираа видеа од оваа мелем глетка. Бамби е шета низ шумата па се враќа кај Радески да се стопли и да се дружи.
https://www.facebook.com/belica.mk/videos/2225506531079371/?t=191&v=2225506531079371