Еднократна државна парична помош од по 100 евра до вчера на сметките им „легнала“ на повеќе од шест милиони полнолетни Срби, а за исплата преостанале уште околу 70.000.
Српската Влада претходно донесе одлука, како помош поради кризата со коронавирусот, на сите полнолетни жители на Србија да им подели по сто евра.