Пороен дожд синоќа и вчера попладне се истури врз Далмација и јужна Лика во Хрватска. Наврна дожд колку што порсечно паѓа во текот на еден месец, а водата и силниот ветер кој достигнувал брзина до сто километри на час предизикале штета на повеќе места, јавуваат хрватски медиуми. Во Задар, на пример, вчера наврнале 70 литри дожд на квадратен метар, а јунскиот просек таму е 50 литри.
Во Словенија, пак, вчера имаше јунски снег. Утрото на Кредарица, кај највисоката метеоролошка станица во таа земја, била измерена снежна покривка висока дури 70 сантиметри.