Иако очекувањата беа дека германскиот напаѓач ова лето од Лајпциг ќе премине во редовите на Ливерпул, по гласините дека преговорите помеѓу Германците и Англичаните на момент застанале, Челзи во последните денови посериозно тргнал по услугите на Тимо Вернер.
Дека заинтересираноста на Челзи не била наивна, говорат и последните информации од сите порелевантни спортски медиуми и новинари од Англија и Германија, кои пренесуваат дека Вернер и Челзи се договориле за трансфер кој ќе биде реализиран во текот на следната недела, до 15 јуни.
Тимот на Лампард ќе ја плати клаузулата на Вернер од 55 милиони евра, а Германецот неделно ќе заработува 200.000 фунти неделно. Подобрата финансиска понуда и поголемата минутажа што тој ќе ја добива во Челзи, како и откажувањето на Ливерпул од плаќање на клаузулата на Лајпциг, го предомислуваат младиот шпиц во донесувањето на конечната одлука.
Челзи досега веќе направи еден трансфер, купувајќи го Хаким Зијеч од Ајакс.


