Театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ се одложува за по 55 години, јубилејот ќе се прослави во помирни времиња – ММС
ММС

Објавено на: 06/5/20 1:39 PM

Театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ се одложува за по 55 години, јубилејот ќе се прослави во помирни времиња

Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински” кој требаше да почне денеска и да го одбележи, со врвни претстави и гостувања од странство, својот голем јубилеј, 55-години постоење, ќе чека подобри и стабилни времиња. Собранието на Фестивалот, како последен термин за одржување, ако се стабилизираат состојбите, го споменува 25 септември, или- јубилејот да се слави догодина.

Традиционално, Фестивалот почнуваше во првиот петок од јуни и се одржува една недела.

Според Катарина Коцевска, претседател на Собранието на Фестивалот на седницата која се одржала деновиве се одлучило, доколку дозволат здравствените услови и доколку има можности, да се одржи од 25 септември до 2 октомври. Ако не, јубилејот ќе се прославува догодина.

-Во услови на пандемија, невозможно е да се прават планови за вакви реномирани манифестации со огромен број публика, со бројни актерски екипи на сцената. Никој не може да знае како ќе се одвиваат состојбите. Но, на Собранието на Фестивалот, кој го сочинуваат директорите на професионалните театри од земјава, донесовме одлука – ако, и само ако, дозволат состојбите и државните уредби, Фестивалот да се одржи од 25 септември до 2 октомври. Ако не, јубилеите ќе мора да ги славиме догодина, вели Коцевска.

Останува концептот за јубилејното издание на најреномираната театарска манифестација во земјава. Наместо фестивалска селекција, секој од 16-те професионални театри да ја предложи најдобрата претстава од својот репертоар. И сѐ во чест на јубилејот и на театарската уметност која, нагласува Коцевска, ги преживеала сите премрежја повеќе од два милениума