Пробно возење низ Скопје на новите еко автобуси – ММС
ММС

Објавено на: 06/5/20 1:24 PM

Пробно возење низ Скопје на новите еко автобуси

За време на карантинскиот викенд ЈСП „Скопје” го пушти на пробно возење новите еко автобуси, а воедно во тек е и обуката на возачите.

Како што соопштија од Град Скопје со пробното возење на новите автобуси, кои наскоро ќе станат дел од јавниот транспорт, до недела ќе бидат обучени 25 возачи, а обуките ќе продолжат и во наредниот период.

Досега во Скопје се стигнати 13 нови еко автобуси, десет единечни и три зглобни, а во текот на наредната недела ќе пристигнат уште 3 нови автобуси, два зглобни и еден единечен. Единечните автобуси се со капацитет за 81 патник, а зглобните за 149 патници.

Набавката на новите еко автобуси чини 10 милиони евра, а парите се обезбедени преку кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).