Сезоната во Првата македонска фудбалска лига, како и натпреварите во купот нема да се доиграат. Фудбалската сезона во Македонија се прекинува.
Оваа одлука е донесена откако повеќемина играчи на прволигашите Шкендија и Ренова беа позитивни на Ковид-19, а фудбалскиот клуб од Џепчиште ги испрати во двонеделен карантин своите фудбалери.
Одговорите на тоа дали ќе има шампион, кој ќе испадне од лигата и кој ќе игра во европските натпреварувања, ги очекуваме во текот на денот или следните денови.