Можат да и’ позавидат и авиони: Кукавица леташе повеќе од 12.000 километри – ММС
ММС

Објавено на: 06/4/20 10:29 AM

Можат да и’ позавидат и авиони: Кукавица леташе повеќе од 12.000 километри

Една кукавица прелетала пат подолг од 12.000 километри од јужна Африка до Монголија, што е најдолга преселба на некоја копнена птица, а тоа долго паување ги изненади и научниците. Од својата зимска дестинација во Африка тргнала кон Мнголија на 20 март и летала со просечна брзина на 60 километри на час.

Користејќи опрема што овозможува сателитско следење, научниците утврдиле дека кукавицата поминала рекорден пат подолг од 12.000 киолметри, прелетувајќи 16 земји, за да стигне до својата локација во Монголија, пренесува ББС.

Слични ознаки за сателитско следење ланското лето им биле прикачени на пет преселни птици во Монголија во рамките на заеднички проект помеѓу монголски научници и Британскиот фонд за орнитологија со цел да се следат миграции на долги растојанија.

Друга птица успеала да прелета 10.000 километри, но завршила трагично. Зимата ја поминала во близина на Килиманџаро, во источна Африка, а стигнала до Јунан во Кина, каде шо умрела или од исцрпеност или ја убиле предатори.