Со телескоп со пречник од 500 метри, Кина од септември почнува потрага по вонземјани – ММС
ММС

Објавено на: 06/4/20 10:24 AM

Со телескоп со пречник од 500 метри, Кина од септември почнува потрага по вонземјани

Кина од септември ќе почне да дава значаен придонeс во барањето живот надвор од Земјата со користење на нејзиниот радиотелескоп ФАСТ. Тој официјално почна да рабоtи во јануари и засега се користи за опшtо проучување, но се надградува.

Телескопот има пречник од 500 метри, а неговите нови задачи нема да им пречат на другите научни мисии. Сепак, стручњаците оценуваат дека барем во блиска иднина нема да има некои спектакуларни резултати во поглед на вонземјаните, иако постоеле некои „занимливи сигнали“, но не се очекува дека потекнуваат од „интелигентен живот“. Ако, сепак, постојат вонземјани кои емитуваат радиосигнали, ФАСТ значително ќе ги зголеми шанските за нивно детектирање, пишува „Енгеджет“.