За 24 часа во тетовско 65 граѓани добија решенија за изолација – ММС
ММС

Објавено на: 06/3/20 4:17 PM

За 24 часа во тетовско 65 граѓани добија решенија за изолација

Во текот на изминатото деноноќие, нови решенија за изолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат изготвени им се на вкупно 65 лицa (ТЕ-64 и ГВ-1), додека вкупно биле контролирани 376 лица со вакви решенија (ТЕ-352 и ГВ-24).Во изминатото деноноќие, исто така, изјави за самоизолација потпишале вкупно 40 лица (ТЕ-24 и ГВ-16), а контролирани биле 115 лица со потпишани изјави за самоизолација (ТЕ-70 и ГВ-45).Во овој период за неносеање заштитни маски на вкупно 50 лица (ТЕ-25 и ГВ-25) изготевни им се прекршочни платни налози. Во содејство со Државен пазарен инспeкторат биле контролирани вкупно 98 угостителски објекти (ТЕ-49 и ГВ-49), при што кај 1 објект во Гостивар констатирано е непочитување на протоколите за работа.

Денеска околу 7 часот и 30 минути, во тетовско Теарце, полициски службеници на СВР Тетово  лишиле од слобода 35-годишник од тоа село, затоа што при претрес извршен со судска наредба во неговиот дом биле пронајдени метална дробилка и ризла.

Задржан е во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.

Вчера во 21 часот, 35 годишник од тетовско Желино во СВР Тетово пријавил дека непосредно пред тоа, најпрво едно, а потоа и друго непознато лице, кои ги сретнал

низ селото, по вербалната расправија со нив, му впериле огнено оружје (пиштоли), по што со возило се оддалечиле од местото.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Вчера исто така околу 10 часот и 30 минути, извршен е увид во работна канцеларија на СВР Тетово, во која околу 9 часот и 30 минути, 37 годшен полициски службеник вршејќи проверка на службениот пиштол, испукал еден куршум кој завршил во подот пред влезната врата. Нема повредени лица, додека било причинето само незначително оштетување на подот и sидот.

Во консултација и координација со Јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Во текот на вчерашниот ден, пријавено било дека избувнал пожар во месноста „Сушички мост“, каде гореле разновидни отпадоци. По пријавувањето интервенирала Територијалната противпожарна единица Гостивар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.