Google тужен за 5 милијарди долари заради следење на приватноста на корисници – ММС
ММС

Објавено на: 06/3/20 2:54 PM

Google тужен за 5 милијарди долари заради следење на приватноста на корисници

Против компанијата Google e поднесена тужба во вторникот, за противзаконско нарушување на приватноста на милиони корисници со следење на нивната употреба на прелистувачи дури и во приватен режим.

Во судската постапка, во која од интернет гигантот се бара оштета од пет милијарди долари, Google е обвинет дека илегално собира информации за тоа што луѓето оребаруваат и кои сајтови ги посетуваат преку разни апликации и алатки (plugin) за сајтови, вклучувајќи ги и Google Analytics и Google ad manager.

Иако повеќето корисници на Google претпоставуваат дека нивната историја на пребарување не е следена додека „сурфаат“ во приватен режим, компанијата вели дека тоа не е точно, но тврди дека не е противзаконски.

Кога пребарувате во “Incognito mode” во рамките на Google Chrome вашата активност не се зачувува во историјата на пребарувачот или во историјата на уредот.

Меѓутоа, корисниците можат да користат алатки, како што е Google Analytics, за да го следат однесувањето на корисниците.

Во тужбата се наведува дека компанијата „не може да продолжи во ова тајно и неавторизирано собирање на податоци за секој Американец од компјутер или телефон.

„Милијарди пати на ден, Google  бара од компјутерите ширум светот да јавуваат и собираат податоци за интернет комуникацијата на стотина милиони луѓе на Google” ,  се наведува во тужната поднесена во окружниот суд во Сан Хозе во Калифорнија.

Google се уште нема одговорено на тужбата.