Насилството и ѕверското убивање на животните не престанува. На социјалните мрежи кружат слики како некој од скопската населба Ѓорче Петров со кондура гаѓал едномесечно маче и го убил. Притоа не ја земал ниту кондурата, ниту пак, мачето, да не лежи мртво, туку оставил гаврани да го јадат. Сликите ги објави жителка на населбата која меѓу другото вели:
„До каде оди веќе ова . Од зградите кои беа околу лулашките во Ѓорче, населба Геге фрлиле со кондура и го погодиле мачето кое веќе го знаев и не правеше проблеми, дури и мислев да го земам но, бидејќи имаше продавница за храна за миленичиња, им даваа храна и на кучињата и мачињата, кои беа од зградите, а и беше мало, па не сакав да го одвојам толку мало од мајката. Но, го најдов вакво. Се гледа по кондурата која е со крв. Мачето беше скоро па поклопено со кондурата, а раната на стомакот е од еден гавран кои го јадеше. Ја тргнав кондурата за да видам дали е тоа и искрено се разочарав. Немам зборови. Мачето беше еден месец, беше многу мало и верувам дека тој удар му пресудил, напиша жителка на Ѓорче Петров.
Секој ден по некое животно страда од монструми околу нас. Пред неколку дена беше тепан изнемоштен коњ во Велес, следниот ден на куче му имаа извадено око, денес,пак, убиено маче бебе.
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=284071896105913&set=pcb.10160050723237818&type=3&ifg=1&__tn__=HH-R&eid=ARDZ4YCsvELpa89IQwVfuBwNgdYkD4c7e277QiirFw3eqVgLHEmJhyLyx2gRf8b40AxHbWALMix5a3sE