Почастете се до домашен „Чискејк сладолед“ – ММС
ММС

Објавено на: 05/31/20 12:27 PM

Почастете се до домашен „Чискејк сладолед“

Интересен начин да го направите вашиот омилен кремаст десерт.

Состојки:
*3 шољи ладна слатка павлака
*терапак засладено кондензирано млеко
*1 лажичка екстрат од ванила
*1 шоља издробени бисквити
*1 шоља слатко од вишна

Подготовка:

Во поголем сад изматете ја слатката павлака додека не добиете состав како шлаг. Додадете го кондезираното млеко, ванилата и мешајте. Потоа додадете ги издробените бисквити и повторо мешајте.

Половина од смесата ставете ја сад со величини 23×13 cm. Ставете пола шоља од вишните, па додадете ја преостаната слатка изматена павлака. А врз сето тоа ставете ја втората половина од слаткото од вишните.

Измешајте полека и на врвот ставете повторно од мелените бисквити. Покријте ја смесата со фолија и ставете го садот во замрзнувач најмалку 8 часа. А откако ќе го извадите оставете го 10 минути да омекне, па потоа сервирајте.