Полицијата во повеќе африкански држави трага по неколку стотици луѓе заразени со корона вирусот кои претходната недела избегале од не хигиенскиот и не адекватен центар за карантин.
Во Малавија минатата недела повеќе од 400 луѓе кои се вратени од Јужна Африка и други земји, избегале од импровизираниот центар на стадионот Блантајер, а најмалку 46 од нив биле позитивни на корона вирус.
Полицијата и официјалните лица од здравството во оваа земја пред новинарите кажале дека не биле во можност да го спречат бегството бидејќи им недостасувале адекватни заштитни средства.
Исто така од центарот за изолација на граничниот пункт Мванк побегнале 26 лица кои ги чекале резултатите од тестирањето. Уште осум чии тестови покажале дека се позитивни на вирусот побегнале од друг карантин во Блантајер.
Потпаролот на полицијата во Зимбабве, Пол Њијат изјавил дека од центарот на таа земја каде е задолжителен три неделен карантин за повратници од странство, избегале 148 лица.
Во Африка потврдени се повеќе од 130.000 случаи на корона вирус, но се претпоставува дека реалниот број е уште поголем поради недоволното тестирање.