Најмалку шест лица загинале кога минибус налетал на бомба поставена покрај патот во Сомалија. Сите патници кои загинале се членови на едно семејство, а патувале на погреб во близина на градот.
Ројтерс информира дека минибусот удрил во поставена бомба 19 километри кај селото Адба Хави, североисточно од Могадиш.
„За сега знаеме дека загинати се шест патници, а останатите се повредени. Бројот на загинати може да биде и поголем“, изјавил полицискиот службеник Фарк Хасан.
Овој пат често го користат возила на Владата и службите за безбедност.
„Носев четири тела, помеѓу кои и телото на мојот свекор“, раскажала Нур Хаџи Ахмед во болницата Мадиа во Могадиш.
Засега никој не превземал одговорност за нападот.