Британската пејачка Адел ја шокираше јавноста кога објави фотографија на нејзиниот инстаграм профил на која се гледа дека драстично е ослабена.
Адел со години се бореше со вишокот килграми и се обидуваше да се ослободи од нив на најразлични начини, диети и различни режими на исхрана, но само со еден начин успеала – сиртфуд диета.
https://www.instagram.com/p/B_1VGc5AsoZ/
Поради оваа диета Адел морала да го промени нејзиниот стил на живот, а докторот со кој работела на губење килограми кажал дека најважно е покрај исхраната и вежбањето, тој што поминува низ процесот да биде расположен и со добро ментално здравје.
Што е сирфуд диета?
Диетата до која се придржувала Адел се заснова на консумирање намирници кои содржат производство на ензими познати како сиртуин, кој го намалува апетитот и го подобрува метаболизмот.
Покрај препорачаните намирници се кељ, хељда, јагоди, цитрусни овошја, урми, маслиново масло, црна чоколада, зелен чај, црно вино, јаболко, магдонос, црвен кромид, куркума, борновници.
Месото не спаѓа во оваа група намирници, но дозволено е во мали количини.
Оваа диета доведува до брзо губење на килограми, чување на мускулната маса, а штити и од хронични заболувања.
Се применува во два круга кои траат три недели. Постојат специфични рецепти и план на исхрана, и постепено се додваат протеините во исхраната кои припаѓаат на овој план исхрана.
Сиртфуд диетата по Адел почнале да ја применуваат и многу познати личности кои се надеваат дека ќе постигнат брз резултат како што постигна Адел.