Во сексуалната фантазија се е идеално, додека во реалноста не тргне наопаку. Двајца мажи, стриптизери влегле во погрешна куќа во Нов Јужен Велс во Австралија, но набргу сфатиле дека се на погрешна адреса.
Ангажирани биле да исполнат сексуалани фантазии на нивна клиентка која сакала да ги врзе додека тие биле облечени во долена облека и со помошни реквизити да ја исполни замислената цел.
Еден од нив е ослободен од обвинението дека влегол вооружен во куќата во јули 2019 година, пренесуваат австралиските медиуми.
Судијата заклучил дека фактите во врска со овој случај се необични.
Се било организирано преку „Фејсбук“, клиентот им испратил адреса каде требало да дојдат.
„Бил подготвен да плати 5.000 австралиски долари доколку се биде како што тој посакувал“, изјавил судијата.
Клиентот се преселил од куќата која ја испратил преку „Фејсбук“ и била на само 50 километри одалечена од првата, но за тоа не ги информирал двајцата најмени стриптизери, и затоа тие се нашле на погрешна адреса.
Кога сопственикот на куќата во 6 часот и 15 минути видел светло во кујната помислил дека дошол неговиот пријател на утринско кафе. Слушнал како двајцата стриптизери изговараат друго име односно името на нивната клиентка. Сопственикот запалил светло и видел дека на креветот седат двајца мажи со мечеви.
Штом сфатиле дека станува збор за грешка, еден од нив се извинил на сопственикот и се упатиле на вистинската адреса до својот клиент.