Ајде на одмор: Со ваучер за туризам од 6.000 денари ќе се поттикнува домашниот туризам – ММС
ММС

Објавено на: 05/30/20 2:07 PM

Ајде на одмор: Со ваучер за туризам од 6.000 денари ќе се поттикнува домашниот туризам

Владата денеска ја донесе Уредбата со законска сила за издавање ваучери на вработени лица со низок доход заради поттикнување на домашниот туризам за време на вонредна состојба, како дел од третиот пакет економски мерки за поддршка на граѓаните за ублажување на последиците од корона кризата и за поддршка на потрошувачката на домашни производи и услуги.

Ваучерот за туризам, со номинална вредност од 6.000 денари издаден од Министерството за економија ќе го добијат вработени лица со низок доход заради плаќање искористена туристичка и угостителска услуга на сместување или услуга на сместување и исхрана во категоризирани угостителски објекти за сместување, преку даватели на туристички услуги, регистрирани вршители на туристичка дејност.