Се чини во екипата на Реал Мадрид летово ќе има вистински егзодус. Откако Зинедин Зидан веќе си замина, а истото јавно го најавија и Кристијано Роналдо и Герет Бејл, уште еден фудбалер на „кралевите“ открил дека заминува.
Станува збор за Дани Себаљос кој минатато лето на „Сантијаго Бернабеу“ пристигна со епитетот најдобар играч на младинскот ЕП. Реал Мадрид за овој несомнено талентиран фудбалер на Реал Бетис плати 15 милиони евра.
Сооглед на тоа дека сезонава немаш многу простор за младиот шпански репрезентативец, веќе започнаа да кружата муабети за негово заминување. Голем број клубови искажаа интерес за неговите услуги, а според најновите информации на шпанскиот весник „Диаро Гол“, Себаљос решил да го напушти Мадрид уште ова лето.
Наводно Себаљос на соиграчите им открил дека заминва, а кариерата ќе ја продолжи на Апенините, поточно во тимот на Милан.
Извор: СпортКлуб