Пауновски: Никој не може да ги легитимира граѓаните при влез во ресторан, освен малолетните лица кои ќе побараат алкохол – ММС
ММС

Објавено на: 05/29/20 11:43 AM

Пауновски: Никој не може да ги легитимира граѓаните при влез во ресторан, освен малолетните лица кои ќе побараат алкохол

Угостителските објекти од вчера се отворени за гости, но мора да почитуваат одредени протоколи за работа. Во спротивно, ќе бидат санкционирани од страна на Државниот пазарен инспекторат. За начинот на контролирање на работата на угостителите, денес во Скопски агол на „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ зборуваше директорот на ДПИ, Стојко Пауновски.

-Протоколите ги носат Комисијата за здравство и Владата, но во нивната изработка учествуваат и синдикатите на угостителите. Ние како орган сме надлежни да го контролираме спроведувањето на протоколите. ДПИ не сака секогаш да казнува. На почетокот ќе се потрудиме протоколите да бидат применливи. Оние протоколи кои не се применливи, односно угостителите ќе им биде тешко да ги применат и над кои не можеме да извршиме надзор, можно е да бидат променети. Таков е примерот за ограничувањето на бројот на гости на една маса и проверка на нивната роднинска врска. Исто така, протоколот вели терасите да бидат отворени од три страна. Тука на улица Македонија сите тераси се отворени само од една страна. Значи ќе мора да претрпат измени, рече Пауновски.

 

Слободен печат