Министерството за здравство информира дека согласно уредбата со законска сила донесена од Владата, породилното отсуство продолжува да важи до завршување на времените мерки за справување со вирусот COVID-19, со цел да се обезбеди заштита и грижа на децата.
-Секоја работничка на која и завршило отсуството од работа поради бременост, раѓање или посвојување по прогласување на вонредната состојба има право да продолжи да го користи породилното отсуство, а со тоа продолжува да го користи и надоместокот на плата.Отсуството од работа на работничката поради бременост, раѓање и/или посвојување продолжува до завршување на времените мерки, а надоместокот на плата продолжува да се исплаќа сè до истекот на траењето на времените мерки и истото не е поврзано со вонредната состојба, соопштуваат од Министерството за здравство.