Ја натерале Црна вдовица да ги касне за да бидат силни како Спајдермен – ММС
ММС

Објавено на: 05/27/20 10:24 PM

Ја натерале Црна вдовица да ги касне за да бидат силни како Спајдермен

Три братчиња стари од осум до 12 години завршиле во болница откако ги каснал смртоносен пајак.

Децата, кои во Боливија чуваат кози, нашле пајак и се обиделе да добијат моќ од нивниот омилен суперхерој Спајдермен и го испровоцирале пајакот да ги касне, пренесува Индех.хр.

Во рок од неколку минути настапиле симптомите- мачнина, болка во мускулите, температура, малаксаност.

Мајка им веднаш забележала дека нешто не е во ред и децата ги префрлиле во болница, каде добле противотров и по неколку дена се пуштени од болница