Имам право да ги го сакам градот- Ален Исламовиќ поради мигрантите влегува во политика – ММС
ММС

Објавено на: 05/27/20 10:05 PM

Имам право да ги го сакам градот- Ален Исламовиќ поради мигрантите влегува во политика

Пејачот Ален Исламовиќ, кој со години живее во Загреб, се врати во Бихаќ, бидејќи одлучил веќе да не биде „нем посматрач на брзата пропаст на неговиот град во беда и хаос“, па ќе основа независна листа со бившиот министер за земјоделие и бившиот градоначалник.

Минатата година во Бихаќ мигранти го претепале неговиот тапанар од групата и во него, како што рекол, од тој момент „проработил патриотскиот бунт“.  Тој и сам бил сведок на незадоволство и страв, кој се вовлекол меѓу неговите сограѓани, на кои сака да им помогне, така да што ќе го дигне својот глас, кога веќе, актуелниот градоначалник, четири години молчи и си ја чува фотељата, а жителите се препуштени на милост и немилост на странци, пренесуваат “Независне новине”.

-Потеебни ни се одлучни и добро организирани млади луѓе и економисти, кои не се плашат да покажат со прст ако нешто не е добро, но и кои се подготвени да дадат се од себе тоа лошо да се менува. Такви луѓе ќе соберам околу себе, рекол Исламовиќ

Тој рекол дека има право да биде “локален патриот и за тоа не прифаќа осуди од никого“.

– Имам право да го сакам својот град, имам право да зборувам за својот град, имам право да критикувам што е добро а што не, имам право да кажам „Мој граду“, имам право да го изговорам името Бихаќ. Ако некој сака да ме критикува и осуди поради тоа што си го сакам градотѕ нека ми судат, рекол пејачот.

Политичкиот ангажман, како што вели, нема да значи пауза во неговата музичка работа.

Текст: republika.rs

Фото: glasnarodabih.com