Кавадарчанец кривично пријавен поради лихварство – ММС
ММС

Објавено на: 05/27/20 1:50 PM

Кавадарчанец кривично пријавен поради лихварство

Шеесет и пет годишниот кавадарчанец М.Ф доби кривична пријава од ОВР Кавадарци поради постоење сомнение за сторено дело лихварство.

„Пријавениот на 25.01.2020 на лицето Х.С.(44) од Кавадарци му дал пари на заем со цел да се стекне со несразмерна имотна корист. За 30.000 денари му барал камата од 12.000 денари месечно, а досега наплатил околу 20.000 денари како камата, а на 22.05.2020 му барал уште 16.000 денари“ информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Ангел Данов