Почнува тридневната жалбена расправа за насилствата во Собранието од 27 април – ММС
ММС

Објавено на: 05/27/20 7:45 AM

Почнува тридневната жалбена расправа за насилствата во Собранието од 27 април

Поранешниот директор на Бирото за Јавна Безбедност, Митко Чавков и 15 други лица  се во исчекување на почетокот на јавната седница за случајот 27 април, што од денеска до петок ќе се одржува во Апелацискиот суд Скопје. 16-те лица со првостепена пресуда се обвинети  за делото „Терористичко загрозување на државниот поредок”, со вкупна казна затвор од 211 години

Освен поранешниот директор на БЈБ, Чавков, меѓу осудените лица за наведеното кривично дело се и други припадници на Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за разунавање.

Судијката Добрила Кацарска, која го водеше овој случај во Кривичниот суд Скопје, при изрекување на пресудата рече дека Чавков и другите обвинити полициски службеници биле известени за се во однос на насилниот упад во Собранието, но не презеле ништо за да го спречат.