Девет моќни намирници кои треба секојдневно да се јадат – ММС
ММС

Објавено на: 05/26/20 2:20 PM

Девет моќни намирници кои треба секојдневно да се јадат

На човечкиот организам му се потребни минерали, витамини и влакна за да функционира добро.

Постојат намирници кои ако ги конзумираме на дневно ниво, ќе внесеме се што ние е потребно за добро здравје, а со тоа и болестите и вирусите ќе се држат понастрана од нас.

  • Зелен чај

Добро се познати бенефециите кои доаѓаат од овој пијалок.Содржи мноштво антиоксиданси кои го чистат организмот од насобраните токсини.Го забрзува метаболизмот, односно помага при слабеење.Благотворно делува и на работата на срцето и на крвните садови, мозокот и варењето.Најголемата бенефиција е што го зајакнува имунитетот, го смирува телото и помага во борбата против кариесот.

  • Јогурт

Јогуртот е вистински извор на протеини, калциум и корисни бактерии кои го зајакнуваат имунитетот и го подобруваат варењето на храната.Но, не се сите јогурти исти, односно треба да се избегнуваат оние со додаток на шеќер.Најдобар избор е домашниот ќефир, а ако го засладите со овошје или мед, уживањето е уште подобро.

  • Јаболко

Ова овошје е полно со влакна, витамини и минерали.Огромни се здравствените придобивки, јаболкото помага за намалување на холестеролот, зајакнување на работата на срцето и крвните садови.Освен тоа, се намалува ризикот од воспаление и ги зајакнува коските.

  • Шумски бобинки

Овие слатки од природата се одлична алтернатива за нездравите десерти кога ќе доживеете криза за слатко.

Флавоноидите, антиоксидантните соединенија  дејствуваат против оштетување на клетките, го зачувуваат здравјето на срцето и нервниот систем на мозокот.Така да искористете ја сезоната на јагодите, малините, боровинките и рибизлите, бидејќи ќе ве „наполнат“ со потребните витамини, минерали и влакна.

  • Портокали

Доколку редовно конзумирате чаша, свежо, исцеден сок од портокал во текот на денот ќе му дадете на организмот витамин Ц, кој игра важна улога во обновувањето на ткивата.Полни се и со витамин Б6, кој е корисен за регулирање на крвниот притисок, а влакната ќе го држат шеќерот под контрола.

  • Овесни снегулки

Овесот е многу богат со растителни влакна и протеини, но може да содржи и глутен, затоа треба да ја проверите декларацијата пред да ги купите. Растворливите влакна го намалуваат холестеролот, а нерастворливите влакна го стимулираат варењето, и го подобруваат здравјето на цревата.Покрај тоа, овесната каша е ризница на железо и калциум, витамини Б и Е и магнезиум. Додајте здрави адитиви како јогурт, ореви, семки, овошје, цимет или куркума во овесната каша.

  • Брокула

Брокулата е една од најздравите намирници затоа што содржи цел спектар на витамини и минерали. Витаминот Ц е одговорен за добар имунитет, витаминот К ги штити коските, а другите хранливи материи помагаат во детоксикација, спречување воспалителни процеси и не штитат од опасни заболувања.

Чудесната брокула го намалува ризикот од карцином, висок крвен притисок и заболувања на коските и го подобрува варењето на храната и го одржува здравјето на очите.

  • Ореви

Ако не сте алергични на ореви, мал дел од овие вкусни закуски на ден е вистинскиот избор за вас. Тие се богати со протеини, растителни влакна, здрави масти, антиоксиданти и витамин Е.Бидејќи тие се калорични, неопходно е да се биде внимателен да не претерувате со количината.

За да го задржите холестеролот под контрола и да му помогнете на срцето, одберете разновидни јаткасти плодови (бадеми, лешници, ореви, кашуци), кои можете да ги користите за да подготвите шири, здрави десерти или салати.

  • Моркови

Сецканиот морков на стапчиња е одлична закуска што ќе нe засити, и ќе помогне во обновување и детоксикација на клетките. Покрај тоа, познато е дека го зачувува здравјето на очите, црниот дроб и белите дробови.

Ако го јадеме редовно, тоа може да го намали ризикот од карцином и мозочен удар.