Двајцата пациенти на кои во саботата им беше изведена трансплантација на бубрег од починат донор се во добра и стабилна здравствена состојба. Од Клиниката за Урологија информираат дека интензивно се следи постоперативниот тек и функцијата на трансплантираните бубрези, соопштија од Министерството за здравство.
Трансплантирани се двајца пациенти, жена на 45- годишна возраст од Скопје и маж на 40- годишна возраст од Куманово. Двајцата пациенти беа со хронична бубрежна слабост и со години на дијализа.
На трансплантација на бубрези работеше стручен тим на уролози под водство на д-р Сашо Дохчев, д-р Сотир Ставридис, д-р Јосиф Јанчулев, д-р Александар Трифуновски, д-р Александар Јосифов и анестезиологот Александра Гавриловска од КАРИЛ, како и Проф. Гоце Спасовски, д-р Ирена Рамбабова Бушљетиќ и д-р Светлана Павлеска од Клиниката за нефрологија.