Сменетиот министер за здравје на Боливија, Марсело Навахас (62) уапсен е вчера бидејќи е утврдено дека купувал болнички респиратори по три пати повисока цена од вистинската. Нему му е одреден притвор од три месеци.
Претседателката на Боливија, Жанин Ањес го смени Навахас во четвртокот по извештајот дека на каталонска компанија и платил 4,7 милиона долари за 170 респиратори поради лечење на пациентите заболени од Ковид-19, а за која е утврдено дека се три пати поскапи од вистинската цена.
Навахас на местото министер помина 45 дена, а неговиот адвокат тврди дека тој е невин. Освен тој, уапсен е и директорот на Министерството Фернандо Валенцуела кому му е одреден шест месечен притвор.
Интер-американската развојна банка, која ја финансирала набавката на респиратори соопшти дека покренала сопствена истрага за случајот.
Извор: blic.rs
Фото: santiagotimes.cl