Фудбалерот на Монако кој е на позајмица од англиски Челзи, Тимуе Бакајоко, цели кон враќање во Сериа А по завршувањето на договорот со поранешниот француски шампион.
Бакајоко е играч на Челзи до 2022 година, но се поизгледно е дека тој повеќе не е дел од плановите на клубот и замислите на Френк Лампард.
Според „Тутоспорт“, Бакајоко има желба да се врати онаму каде што можеби и играше најдобро, ако го изземеме првиот период од кариерата во Монако. Французинот играше на „Сан Сиро“ во сезоната 2018/19, но „Росонерите“ не го откупија неговиот договор вреден 25 милиони евра.
Цената на играчот оттогаш до денес е значително намалена, највеќе благодарение на неговите бледи изданија, а таквите околности одговараат на финансиските параметри на италијанскиот гигант и ги зголемуваат шансите на трансфер во летниот преоден рок.