Да не ме обвинуваат, песната не ја украдов, си ја купив, рече Сузана Гавазова за новиот хит „Апсолутно мој“ – ММС
ММС

Објавено на: 05/24/20 1:25 PM

Да не ме обвинуваат, песната не ја украдов, си ја купив, рече Сузана Гавазова за новиот хит „Апсолутно мој“

Фолк ѕвездата Сузана Гавазова вчера го промовираше спотот за новата песна „Апсолутно мој“, кој го снимаше во Скопје, Струмица, Виница и ви Ќусѕтендил, Бугарија.  Непосредно по промоцијата во коментарите покрај честитките се напиша и дека песната е крадена.

-Да нема забуни. Да појаснам. За оваа песна текстот го напиша Орце Зафировски а музиката е на романскиот пејач Богдан Делаплоиести и јас ја купив од него. Авторските права ми се платени, имам документ за тоа и потпишан договор. Кога ја слушнав многу ми се допадна,весела позитивна и се пее за искрена љубов. Е сега да не се појавуваме јас и Јасмин во спотот, вљубениот пар се моделите Кристина и Даре.  Снимавме со продукција „Ин“ на  неколку места, а бидејќи во неа се пее за искрена љубов,  во еден сегмент во спотот ги ставив мајка ми и ќерките, кои беа со мене на снимањето. Се појавуваат и двајца музичари, Сандрито Даниелов, со кој се снимани деловите во Ќустендил и  Амза Таиров од Виница, кој свири клавијатура. , ни рече Сузе.

  Емели и Селена дел од спотот на мама- ќерките на Сузана Гавазова

Таа откако е почната пандемијата, како и сите пејачи нема настапи, но секоја сабота  прави лајф свирка со порака „седете дома“.

-Ќе полудам ако не пеам. А и ги навикнав луѓето секоја сабота да пеам, па и нив и мене ми е убаво.  Ова што го правам не го правам за публицитет туку за себе и за луѓето. Затворени сме а многу од луѓето кои ги познавам ми велат дека психички веќе не можат да издржат. И ние останавме во станот во Струмица, не успеавме да стасаме да отидеме кај моите во село Сушица, има двор и за децата е многу поубаво. Во ова време-невреме само песната може да биде лек. А мене само пеењето многу ме прави среќна.   Што друго да правам, тоа ми е вентил, вели пејачката.