Следи му го погледот и ќе знаеш дали сака врска или само секс – ММС
ММС

Објавено на: 05/23/20 9:20 PM

Следи му го погледот и ќе знаеш дали сака врска или само секс

Очите се огледало на душата и тоа сите го знаат.  Истражувањето кое е спроведено во Универзитет во Чикаго потврди  дека можете да научите како да препознаете дали некој маж од вас сака само малку забава или бара смислена и долготрајна врска. Ако го следите каде гледа, ќе го добиете одговорот.

Ако воспоставите контакт со очите, дури и на кратко,  тоа значи дека сака да се поврзе со некого на емоционално ниво, додека очите кои гледаат кон телото, место во очи на друга личност, значи дека доминира желбата за секс. Авторката на истражувањето Стефани Кацопо, објаснува дека, иако ова истражување научно не докажува дека постои љубов на прв поглед а исто така не објаснува  зошто луѓето се вљубуваат, овие обрасци даваат први траги за врски.

За да ја докажат оваа научна теорија, студентите добиле два реда црно-бели фотографии.  Првиот ред содржел слики од хетеросексуални парови, кои меѓусебно се поврзале не на нужен романтичен начин, а другиот прикажувал припадници на спротивниот пол, кои гледале директно во камерата.

Студентите потоа требало да одлучат дали расположението на паровите на фотографиите е романтично или еротско. Со анализа на нивните движења на очите откриле дека студентите гледале во лице на личностите додека зборувале дека се чувствуваат романтично, а во тело кога зборувале дека се чувствува желба за секс.

Се подразбира дека овие резултати не мора да бидат точни секогаш кога ќе воспоставите контакт со очи со некого или ако некого фатите како ве гледа во делови од вашето тело, а не во очи, пишува  YourTango.

Извор: 24sata.hr

Фото: fenserka.com