Пронајден мртов новинар кој истражувал за загадувањето на заливот Варна – ММС
ММС

Објавено на: 05/23/20 6:49 PM

Пронајден мртов новинар кој истражувал за загадувањето на заливот Варна

Новинарот од Варна, Бугарија, Георги Александров, бил пронајден мртов во петокот, објави бугарската телевизија Нова. Новинарот бил пронајден удавен.

Сè уште не е објавена официјалната причина за смртта, бидејќи истрагата е во тек. Телото е пронајдено во пределот на неисправната цевка на езерото Варна.Случајот е предаден на обвинителството.

Александров работел за Дарик радио, бил дописник за бТВ и Нова ТВ.

Според непотврдени информации, тој бил во областа поради новинарска истрага за силното загадување во заливот Варна, што предизвика протести на граѓаните.

Бугарската Комисија за енергетика и регулатива за вода започна со увид по сигналот за загадување на заливот Варна со отпадни води, поради пробиен подводен цевковод под притисок.

Не е прв пат новинар во Бугарија да загине под мистериозни околности. Последните новински извештаи за насилна смрта на новинар датираат од 2018 година, кога телицизиската новинарка Викторија Маринова, беше брутално убиена и силувана во нејзниот орден град Русе.